Руската резолуција во ОН за сајбер-криминалот го загрижува Западот

Хакери/ Фото: ЕПА

Прифаќањето на резолуцијата која ја подготви Русија за создавање на нова конвенција за борба против сајбер-криминалот предизвика загриженост за кришење на слободите на интернет, пренесува „Индекс.хр“.

Резолуцијата која ја поддржуваат Кина, Венецуела, Мјанмар, Сирија, Иран и Северна Кореја, прифатена е на Генералното собрание денес, со 79 гласа „за“, 60 „против“ и 33 „воздржани“.

Со резолуцијата, се воспоставува одбор на меѓународни експерти кои ќе „изработат опсежна меѓународна конвенција за борба против употреба на информациите и комуникациските технологии за криминални цели“.

Панелот треба да се состане во Њујорк во август за да се договори за програмата.

САД, Европската Унија и други земји беа против оваа резолуција, стравувајќи дека таа би можела да овозможи задушување на слободата на изразување.

Некои држави ја критикуваа резолуцијата и тврдеа дека владите со изговор дека решаваат пробелми со сајбер-криминалот и тероризам прават интернет-цензура на политичките противици.

Од САД изјавија дека резолуцијата ми можела да ја „поткопа меѓународната соработка во борбата бротив сајбер-криминалот во време кога подобрената соработка е клучна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот