Руската анти-ковид вакцина во соседството: „Спутник V“ денеска „ќе слета“ Србија

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ денеска пристигнува во Србија, дознава Танјуг. Министерот за здравство, Златибор Лончар, вчера изјави дека тестирањето на руската вакцина во Агенцијата за лекови и медицински помагала е при крај и дека се очекува да заврши во првите денови од новата година.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан Карченко вчера најави дека првиот контингент руски вакцини против коронавирусот ќе биде доставен во Србија „до крајот на тековната година”.

Вакцинацијата против ковид-19 со производот на компаниите „Фајзер“ и на „БајонТек“ во Србија започна на 24 декември, а според министерот Лончар, новиот контингент од вакцината „Фајзер“ во Србија ќе пристигне на 4 јанури, по што на секои седум дена ќе пристигнуваат нови количини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот