РУСКА ТВРДИНА НА МРАЧНИ ТАЈНИ: Таму е создадена една важна вакцина

Принтскрин

Тврдината Цар Александар 1 се наоѓа на островот Котлин и била од стратешка важност за СССР.

Островот се наоѓа недалеку од Кронштат, од каде испловил првиот руски параброд, првиот кршач на мраз и првио руски морнар кој го препловил сиот свет.

Во овој град е тешко да се пристигне, но и да се замине. Таму се тестирале оружја, се правеле воени и медицински експерименти, а сето тоа било будно надгледувано од руската армија. Се верува и дека се правеле и експерименти врз животни, но и дека тука е развиена една од важните вакцини кои го имаат спасено светот од чума.

Принтскрин

Имало и крематориум за животните врз кои биле вршени медицинските експерименти. Целата работа била високоризична, а неколку од вработените се разболеле од болестите за кои развивале лекови. Во лабораторијата биле развиени серуми против колера, тетанус, тифус, шарлах, стрептокока и стафилокока.

Островот бил во сопственост на руската армија сè до напуштањето во 1983 година, кога државата престанала да го одржува. Потоа повторно стекнал популарност, особено за забави, а се обезбедил и директен пат дотаму.

Од 2011 година постојат редовни тури со брод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот