Русите со нови проблеми на фронтот: Воен комесар вратил дома половина од мобилизираните, Путин веднаш го сменил

Мобилизација Русија/ Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Воениот комесар на областа Хабаровск во Русија е сменет од функцијата, откако половина од новомобилизираните биле испратени дома, бидејќи не ги исполнувале потребните услови, изјави денеска гувернерот на овој регион Михаил Дегтјарев.

„Регионалниот воен офицер Јуриј Сергеевич Лаико денеска беше сменет од функцијата. Ова на никаков начин нема да влијае на извршувањето на целите поставени пред нас од претседателот Владимир Путин. Работиме заедно со Министерството за одбрана, нашата индустрија, организации и сите релевантни агенции“, рече Дегтјарјев во видеото постирано преку социјалната мрежа Телеграм.


Според гувернерот, во рамките на делумната воена мобилизација биле поканети неколку илјади жители на областа Хабаровск, но половината биле вратени дома, бидејќи не ги исполнувале потребните услови за воена служба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот