Русија од 1 август продолжува со неколку меѓународни летови

Фото: ЕРА

Од 10-ти август ќе бидат додадени повеќе туристички дестинации во Турција, соопшти Голикова.

Русија од 1 август продолжува со некои меѓународни летови, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова, но списокот на дестинации ќе биде ограничен на Танзанија, Турција и Велика Британија.

Меѓународните летови беа приземјени на 30 март, по воведувањето на карантин заради поефикасна борба против ширењето на коронавирусот, од кој досега во земјата се заразија 800.000 лица.

Голикова кажа дека, со оглед на намалувањето на бројот на заразени, Русија продолжува со летови од аеродромите во Москва, Санкт Петербург и Ростов на Дон.

Од 1 август продолжуваат летовите за Лондон во Велика Британија, турските градови Истанбул и Анкара и островот Занзибар, во Танзанија.

-Од 10-ти август ќе бидат додадени повеќе туристички дестинации во Турција, соопшти Голикова.

Таа додаде дека Русија ќе се погрижи продолжувањето на летовите „да не доведе до нови увезени случаи на руска територија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот