Русија бара од НАТО да го направи првиот чекор кон нормализација на односите со Русија

Архива на СП

Москва никогаш не иницирала влошување на односите со НАТО и смета дека Алијансата треба да го направи првиот чекор кон нормализација на односите со Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Да, тоа е нашата појдовна позиција , бидејќи никогаш не сме почнале да ги влошуваме односите ниту со НАТО ниту со ЕУ – рече Лавров

Според Лавров, влошувањето на односите меѓу Москва и Алијансата датира од 2008 година, кога тогашниот грузиски претседател Михаил Саакашвили „издаде злосторничка наредба за напад врз градот Цинхвали“.

Фото: Профимедиа

Во тоа време, потсети Лавров, Русија инсистираше да се свика Советот Русија-НАТО за да се разгледа оваа ситуација, но тогашнито американскиот државен секретар, Кондолиза Рајс, категорично одби.

– Иако за време на создавањето на Советот Русија -НАТО, Основачкиот акт нагласи дека мора да дејствува во секое време – рече шефот на руската дипломатија.

Тоа е само еден пример што доведе до моменталната ситуација во односите меѓу Русија и НАТО, додаде Лавров.

Шефот на руската дипломатија  Лавров вчера објави дека Москва ќе ги прекине сите дипломатски односи со Алијансата.

Фото: МИА

НАТО во почетокот на месецот  протера осум руски дипломати и најави дека  планира да ја преполови набљудувачката мисија на Русија во Алијансата, како реакција по наводните руски малигни шпионски активности во Европа, кои вклучуваа убиства, обиди за атентати и експлозии, велат европските официјални претставници.

На дипломатите им е кажано да го напуштат Брисел до крајот на овој месец. Две други руски дипломатски места во моментов кои се испразнети во седиштето на НАТО нема да смеат да се полнат, изјавија претставници на алијансата .

Одземањето на акредитациите на осумте руски дипломати, , беше осудено од Москва  која се закани дека  ќе возврати, иако не мора да биде со протерување западни дипломати од Москва, со што ќе се постави терен за натамошно влошување на односите меѓу западните земји и Русија, како во време на Студената војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот