„Рош” ќе прави софистицирани тестови за откривање на нови мутации на ковид-19

Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Швајцарската фармацевтска компанија „Рош” соопшти дека работи на нов дијагностички тест, чија цел е откривање нови мутации на коронавирусот во лабораториски услови.

Новиот тест, кој ќе се користи во лабораториски истражувања, би требало да го олесни следењето на мутациите на вирусот за научниците, нивната распространетост и потенцијалното влијание врз дијагнозата на инфекции, вакцини и третмани, се наведува во соопштението на швајцарската компанија.

Наречен Cobas®SARS-CoV-2 Variant Set 1, тестот овозможува откривање и диференцијација на различни мутации забележани како британска, јужноафриканска и бразилска варијанта.

– Континуираното надгледување и следење на новите мутации на коронавирусот е клучно за јавното здравје, изјави Томас Шинекер, директор на одделот за дијагностицирање на „Рош”.

Следењето на новите мутации ќе им помогне на здравствените системи да одлучат какви мерки ќе преземат во борба против ковид-19, соопшти „Рош”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот