Роналдо се враќа во клубот каде ја започна кариерата!?

Португалецот Кристијано Роналдо наскоро во старо-новиот дрес/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Португалската ѕвезда на Јувентус сака да ја заврши својата кариера во Спортинг Лисабон, неговиот прв професионален клуб.

Како што информира португалскиот „Рекорд“, Кристијано Роналдо има намера да остане до крајот на договорот во Јувентус, односно до следното лето (30 јуни 2022 година), а потоа бесплатно се пресели во својот матичен клуб.

Неговата желба е да биде поблиску до неговото семејство, се шпекулира дека би можел да игра уште две сезони за Спортинг, односно до 2024 година, кога би се повлекол. Наводно, не е исклучено тој да ја заврши кариерата во САД, но во моментов има поголема желба да замине во Спортинг по Јувентус.

Но, се поставува прашањето дали Јуве ќе биде подготвен да му плати уште една година и потоа да му дозволи на Роналдо да замине без обештетување.

Клубот од Торино нема пари да му плати на Роналдо уште една година, а има уште помалку простор да го пушти бесплатно, па ова во моментов се чини како многу „тешка операција“.

Да потсетиме, Роналдо започна со Спортинг, од каде замина во Манчестер јунајтед во 2003 година, а подоцна играше за Реал од 2009 до 2018 година од кога е член на Јувентус.

ВИДЕО: Роналдо за шест минути му донесе пресврт на Јувентус!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот