Роналдо не е задоволен од резултатите на Јунајтед: Мора да се подобриме

Кристијано Роналдо и на 37 години игра одлично во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, истакна дека не е најреќен од формата на англискиот тим сезонава и во 2022 година резултатите мора да бидат подобри.

Јунајтед моментно се наоѓа на шестото место на табелата во Премиер лигата со 31 бод, дури 19 помалку од лидерот Манчестер сити. Во Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед обезбеди пласман во осминафиналето каде ќе игра против Атлетико Мадрид.

– Не сум задоволен од тоа што го направивме досега, никој не е задоволен. Убеден сум во тоа. Мораме посилно да работиме и да прикажуваме многу подобри игри од тие што досега ги прикажувавме – рече Португалецот.

Првиот натпревар во 2022 година, Манчестер јунајтед ќе го игра в понеделник кога на „Олд трафорд“ ќе го пречека Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот