Роналдо и Меси во ист тим? Само еден човек може да го направи тоа! (ФОТО)

twitter.com/btsportfootball

Дали можете да ги замислете едни од најдобрите фудбалери на светот, Роналдо и Меси, во еден ист дрес? Звучи нереално…

После турбулентната зима во редовите на Манчестер сити и Барселона започнаа шпекулациите дека Јувентус би можел најдобро да се снајде на трансфер пазарот.

Бројни медиуми пишуваат дека Пеп Гвардиола би можел да го наследи Маурицио Сари на клупата на италијанскиот шампион, додека иднината на Лионел Меси би можела да биде токму во Торино.

Секако ваквите гласини стојат само како неосновани. Гвардиола изјави дека ќе биде со „граѓаните“ доколку треба и во четврта лига, додека Барса не може да се замисли без Меси.

Американската МЛС лига станува многу интересна за фудбалерите ширум светот. Заедно со Кина веќе стана место за големите играчи кои се на залезот од нивните кариери, но има и такви кои сакаат да доживеат заради самото искуство.

Повторно се говори за едни од најголемите фудбалски имиња во светот, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Шпанскиот „АС“ ја пренесува изјавата на менаџерот на Минесота, Адријан Хит, дека овие двајца феномени би можеле да завршат во МЛС само доколку Дејвид Бекам ги убеди.

– Често слушам дека ќе видиме бомбастични засилувања, а имињата кои најчесто се споменуваат се Роналдо и Меси. Тоа би било неверојатно за американскиот фудбал, а единствениот со глобален имиџ што би можел тој сон да се реализира е секако Дејвид Бекам – рече Хит.

Тимот на најпознатиот англиски фудбалер, Интер Мајами, се подготвува за дебитантската сезона во МЛС.

Бекам веќе е во потрага по големи ѕвезди за својот клуб, медиумите шпекулираат дека би можел да го спои страшниот тандем.

Ова сега делува како фантазија, двајцата играат на врвни ниво во најдобрите лиги, Роналдо веќе наполни 35, а Меси во јуни ќе има 33 години.

– Можеби тоа нема да се случи веднаш, но можам да замислам како Роналдо ги следи стапките на Златан Ибрахимовиќ, Вејн Руни, Стивен Џерард и Френк Лампард, кои играа во МЛС. Две очигледни дестинации за нив се Лос Анџелес и Мајами, но кога веќе се знае какви врски има Бекам со нив, мислам дека е реално да ги гледаме во Мајами – додаде Хит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот