Роналдо е првиот фудбалер кој заработи милијарда долари, но за маса во ресторан чекал 40 минути

фото: твитер

Кристијано Роналдо без сомнение е најголемата фудбалска и спортска ѕвезда, тој е личноста со највеќе следбеници на Инатаграм вклучувајќи ги и филмските и музичките ѕвезди, но парите и славата не секогаш му ги отвораат сите врати.

Неколку месеци откако од Реал Мадрид се пресели во Јувентус, Кристијано Роналдо во декември 2018 година сакал да оди на семејна вечера во ресторан во Торино. Сопственикот Давиде Фиоре за „Туроспорт“ открива дека не поминало се во најдобар ред.

Тоа беше како филмска сцена. Се подготвував за ноќната смена, а потоа пристигна повик кој ниту во сон не го очекував. Се јави Кристијано Роналдо и резервира маса за тројца. Не знаев што да правам бидејќи бев свесен дека ресторан е полн, но верував дека гостите кои резервирале за 19.30 часот ќе завршат со 21.30 часот за кога резервира Роналдо. За секој случај позајмив една маса од соседниот ресторан – открива Фиоре.

Проблемот настанал кога Роналдо заедно со Георгина и синот Кристијано јуниор се појавил еден ипол час порано.
– Не знаев што да правам. Гостите само гледаа, никој не зборуваше, но исто така не ни помислуваше да стане и да го отстапи местото. Ги однесов до масата која беше во ќошот од ресторанот, времето поминуваше, но никој не стануваше. Роналдо воопшто не се побуни и тогаш сфатив дека освен што е најдобар фудбалер, тој е прекрасна личност. Луѓето кои се помалку славни од него би заминале за пет минути и притоа би се однесувале арогантно. Но, Кристијано за маса чекаше 40 минути – вели Фиоре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот