Романија бележи буџетски дефицит од скоро 6,7 милијарди евра

Романија знаме/Фото: Профимедиа

Романија забележа буџетски дефицит од речиси 6,7 милијарди евра во првите осум месеци од годинава, што е намалување од речиси 8 милијарди евра во 2021 година, јавија државните медиуми.

Буџетскиот дефицит претставува околу 2,4% од проценетиот бруто-домашен производ за 2022 година. Владата на Романија проценува дека дефицитот ќе достигне 5,8% од БДП за целата година.

Романија е под процедурата за прекумерен дефицит на ЕУ и треба да го намали својот дефицит на под 3 отсто од БДП до 2024 година.

Буџетските приходи се зголемени за 22% во анализираниот период, додека расходите номинално се зголемени за 16,7%, во однос на првите осум месеци од 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот