Ролан Гарос: Кербер елиминирана уште на стартот

epa09236649 Angelique Kerber of Germany in action against Anhelina Kalinina of Ukraine during their first round match at the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 30 May 2021. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Само што започна вториот годинешен грен слем турнир, Ролан Гарос, уште во првиот ден се случи сензација, поранешната прва светска тенисерка, Анџелик Кербер е елиминирана. Иако е далеку од шампионската форма кога освои три грен слем титули, елиминацијата на Кербер е најголема сензација на стартот на Ролан Гарос. Кербер загуби од 139. тенисерка на ВТА ранг листата, Ангелина Калинина која славеше со 6:2,6:4. Во двата сета Калинина водеше со по 5:0, а во вториот кога свати дека се наоѓа пред најголемата победа во кариерата, почна да грешки, но успеа да се врати во посакуваниот ритам и да дојде до триумфот.

Пласман во второто коло обезбеди Наоми Осака која беше подобра од Романката Тиг но се намачи да дојде до триумфот. Осака по речиси два часа игра славеше со 6:4,7:6.
Пред елиминација беше и Петра Квитова и тоа против 125 тенисерка на светот Гретја Михен која во вториот сет имаше и меч топка.
Квитова успеа да се извлече, да го добие сетот во тај брејк за во третиот сет да слави со убедливо (6:7,7:6,6:1)и да обезбеди пласман во второто коло.
Пласман во второто коло обезбедија и Веснина, Рибакина, Колинс, Ковиниќ.
Кај мажите нема изненадувања досега и сите фаворити остварија лесни триумфи. Сигурен старт имаа Фоњини кој славеше над Барере со 6:4,6:1,6:4 , Карењо Буста со 6:3,6:4,6:3 го победи Гомбос, Баутиста славеше над Виела со 6:4,6:4,6:2 и Качанов го победи Весели со 6:1,6:2,6:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот