Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“ на 78 години се ожени по петти пат и порача: Оваа жена ќе ја задржам

Легендарниот член на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс (78), се ожени по петти пат. Негова избраничка е долгогодишната девојка Камила Чавис, а венчавката се одржа на имот во Бриџемптон во близина на Њујорк, кој славниот рокер го купи во 2010 година за 16,2 милиони долари.

Воодушевен што конечно пронашол сродна душа, Вотерс напишал на социјалните мрежи: „Многу сум среќен! Конечно жената што ќе ја задржам.“

На венчавката, Камила носела прекрасна бела венчаница од тантела, додека Роџер бил многу елегантен во црниот костум.

Вотерс, чие богатство се проценува на 130 милиони долари, во 2018 година откри дека Камила ја запознал неколку години порано на еден настап кога таа го возела автомобилот којшто по коцертот го вратил назад во хотелот.

Освен тоа, за новата госпоѓа не се знае многу, бидејќи парот многу внимава на својата приватност.

Во интервјуто од 2018 година, Вотерс рекол: „Се уште не сме во брак, но заедно сме неколку години. Ја запознав на еден од моите концерти пред неколку години. Таа работи во транспорт. Го возеше автомобилот со којшто се враќав од концертот. Мојот телохранител седеше напред со неа и разговараа додека јас бев на задното седиште. Нешто кај неа силно ме привлече.“

Тој опишал и со какви зборови ја завел: „Ја прашав: „Дали некој веќе ти кажал дека имаш многу убави коски на лицето?““

Првпат како двојка во јавноста се појавија во 2019 година на Филмскиот фестивал во Венеција, а се свршија на почетокот на оваа година.

Музичарот претходно бил во брак со Лори Дурнинг, Џуди Трим, Каролин Кристи и Присила Филипс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот