Роботот Софија го продаде своето прво дигитално дело за 688.888 американски долари

Instagram

Софија е мултиталентиран робот кој може да зборува, да кажува шеги, да пее, па дури и да создава уметност.

Таа е прва државјанка на светот меѓу роботите која тукушто заработи речиси 700.000 американски долари од продажба на уметноста која ја создава.

Роботот Софија предизвика вистински пресврт во светот на уметноста кога нејзиното дигиталното дело беше продадено на аукција за 688.888 американски долари во форма на таканаречен незаменлив токен (NFT).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia the Robot (@realsophiarobot)

Секој токен има единствен дигитален код кој овозможува да се потврди автентичноста и сопственоста.

Софија е најпознатата роботска креација на компанијата „Хансон Роботикс“, и може да имитира изрази на лицето, да води разговори и да препознава луѓе.

Дејвид Хансон, извршниот директор на компанијата со седиште во Хонг Конг и креатор на роботот Софија верува дека роботите со реалистичен изглед можат да се поврзат со луѓето и да помагаат во општествените сектори како што се здравството и образованието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia the Robot (@realsophiarobot)

Софија за своето уметничко дело соработуваше со италијанскиот сликар Андреа Бонасет, а подоцна почна и сама да прави дигитални уметнички дела.

Дигиталното дело, кое беше продадено за 688.888 американски долари, е всушност видео од 12 секунди што го прикажува портретот на Бонасет како се претвара во дигитална слика на Софија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia the Robot (@realsophiarobot)

Софија ќе продолжи да слика, а следниот чекор во нејзината кариера може да биде во светот на музиката. Таа работи на создавање на неколку музички дела во рамки на проектот наречен „Софија Поп“, каде соработува со музичари на пишување музика и текстови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia the Robot (@realsophiarobot)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот