Робињо го предаде пасошот, ќе мора да ја „одлежи“ затворската казна од девет години

Фото: EPA/MATTEO BAZZI

Поранешната бразилска ѕвезда Робињо беше осуден за силување во Италија, а како што стојат работите затворската казна нема да ја избегне.

Робињо го предаде пасошот на властите во четвртокот рано наутро, откако минатата недела Франциско Фалкао, претседателот на Врховниот федерален суд нареди повлекување на документот за забрана на напуштање на Бразил за Робињо.

Оваа одлука беше донесена откако организацијата на Бразилки (Mulherese do Brasil) се придружи на барањето на италијанската Влада фудбалерот да ја отслужи казната затвор од девет години која му ја изрече италијанскиот суд.

Претходно, Бразилецот одбиваше да го предаде пасошот и беше во бегство, но сега го предаде пасошот на властите во четвртокот рано наутро. Случајот за кој е осуден Робињо се случил во Милано во 2013 година каде што поранешниот фудбалер учествувал во групно силување на млада девојка во ноќен клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот