РКЕ ги реализира сите обврски што произлегуваат од новиот Закон за енергетика

фото: МИА

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на подготвителна седница ги разгледува Правилата за постапување по приговори и разрешување на спорови со чие донесување треба да се исполнат сите обврски што ги има Комисијата што произлегуваат од новиот Закон за енергетика.

– Овие правила се последен документ кој имавме обврска да го донесеме во рок од една година  од влегувањето во сила на новиот Закон за енергетика. Во изминатата година одобривме шест подзаконски акти што ни го доставија вршителите на енергетските дејности, а еден од најбитните се Правилата за балансирање на електропреносниот систем за кои во изминатите пет-шест години имавме забелешки од Секретаријатот на Енергетската заедница и Европската комисија дека ги немаме донесено, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски пред почетокот на сидницата.

Најави дека во крајна фаза е и одобрувањето на Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и додаде дека се очекува до крајот на месецов да бидат одобрени, а во август да се одобри и новиот ценовник со кој трошокот за стандарден приклучок на  електрична енергија ќе се намали од 500 на 400 евра. Новата цена за приклучување на дистрибутивната мрежа на ЕВН ќе важи од септември годинава.

– Го зголемвме и опфатот на стандардни приклучоци со цел да има поголем број на граѓани кои при приклучувањето на своите куќи ќе можат да ги намалат своите трошоци за приклучување на мрежата. Очекуваме намалувањето на стандардниот приклучок да има влијание и на инвеститорите кои градат згради во земјава, бидејќи реално ќе им се намалат трошоците за 100 евра од стан што треба да се одрази и врз цената на становите, рече Бислимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот