Ријана со виолетова коса, нова промена на изгледот пред Денот на вљубените

Ѕвездата во пресрет на денот на вљубените се иснпирираше од стилот на 60-те години.

Нова промена на изгледот направи камелеонката Ријана. За прослава на љубовта, Ријана се фотографираше со коса во виолетова боја која карактеризира храброст.

Поводот за ваквиот изглед е новата колекција на нејзината линија Savage x Fenty. Иако и виолетова нијанса на коса одлично ѝ прилега, сепак, станува збор само за перика во боб стил, инспирирана од 60-те години.

2020 година за Ријана, која ќе наполни 32 години на 20 февруари, започна со промоција на нови модни и „бјути“ трендови – прво, пејачката го промовираше изгледот без шминка, со постираното селфи на Инстаграм, изглед кој ќе биде во тренд за сезоната пролет/лето, а потоа следуваше промовирањето на новата колекција Savage x Fenty со изглед во согласност со актуелните трендови меѓу кои доминира боб фризурата.

Рири е кралица на колоритните фризури. До сега, ја видовме во сите нијанси на црвена, црна, руса и костенлива коса. Во овој случај, ѕвездата одбра јоргован нијанса која одлично прилега на жени со потемен тен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот