РЕТРО: Македонски политичари кои се сретнале со Жак Ширак (ФОТО)

Поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, кој, како што јави Би-Би-Си, во последните неколку години беше вмешан во неколку корупциски скандали, почина денеска на 86 години.

 

Тој во два наврати беше претседател на Франција, а засега не се познати причините за неговата смрт.

 

Надворешните односи меѓу Франција и Македонија отсекогаш биле на високо ниво на соработка во многу сфери од заемен интерес.

Македонија и Франција воспоставиле први дипломатски односи на 27 декември 1993, а низ историјата бројни политичари на двете земји оствариле меѓусебни средби.

Така, во 1998 година, тогашниот премиер на Република Македонија, Бранко Црвенковски, беше во официјална посета на Франција, каде имаше и средба со тогашниот актуелен претседател на Франција, Жак Ширак.

Една година подоцна, на 9.02.1999 година, тогашниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, беше примен во Елисејската палата во Франција од страна на француски претседател Жак Ширак.

Од друга страна, Македонија ја има продлабочено и соработката со регионот Долна Нормандија со која и во минатото и сега се одвива динамична соработка, која е насочена на неколку цели како нови информатички технологии, попис на културно наследство, културни политики, развој на земјоделството, туризам и човекови права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот