Почина поранешниот француски претседател Жак Ширак

Фото: Принтскрин

Поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, кој во последните неколку години беше вмешан во неколку корупциски скандали, почина на 86 години, пренесува Би-Би-Си.

Тој во два наврати беше претседател на Франција, а засега не се познати причините за неговата смрт.

Ширак беше роден на 29 ноември 1932 година во Париз.

Беше претседател на Франција во два мандата – од 17 мај 1995 до 16 мај 2002 година и вториот пат, од 17 мај 2002 до 17 мај 2007 година. Претходно беше градоначалник на Париз и премиер.

На 15 декември 2011 година, Ширак беше осуден на две години затвор за злоупотреба на државни фондови и судир на интереси додека бил градоначалник на Париз.

Би-Би-Си наведува дека последните години на неговото владеење биле обележани со скандали со корупција. Една од најважните политички реформи што тој ги спроведе е намалување на мандатот на францускиот претседател од седум на пет години.

Негов претходник на местото претседател беше Франсоа Митеран, а го наследи Никола Саркози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот