РЕШЕНИЕТО ЗА БРЕГЗИТ ДОАЃА ВО ПОСЛЕДЕН МИГ: Ирското море ќе биде царинска граница помеѓу ЕУ и Британија!

Функционерите на ЕУ кои имаат пристап до информациите за преговорите за Брегзит, велат дека најголемата пречка околу постигнувањето на договорот, а која се однесува за ирската граница, „речиси е решена“.

Преговарачите од ЕУ и Велика Британија денеска разговарале во Брисел за да постигнат договор за Брегзит, кој е закажан за 31 октомври. Целта е Велика Британија на тој датум со договор да ја напушти Унијата.

Функционерите пренесуваат дека главниот преговарач на ЕУ, Мишел Варни, рекол дека Ирското море би било царинска граница на ЕУ и Велика Британија.

На тој начин би се избегнала видливата копнена граница на ирското море, но и Северна Ирска ќе се стави ви посебна позиција.

Тие додале дека „разговорите се активни и течат и дека и натаму е можен позитивен исход“, истакнувајќи дека преговарачите работат на политичка декларација, која се уште не е правно обврзувачки документ.

– Неколку сложени технички прашања допрва треба да бидат решени – јавуваат функционерите на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот