Решение за спорот со Бугарија има

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Решение речиси за секој проблем секогаш постои. Прашањето е кој колку е подготвен да го прифати. Македонско-Бугарскиот спор е едeн од тие каде има решенија во различни точки од спорот, кои двете страни треба да ги прифатат.

За македеонскиот идентитет секако не се преговара, за македонскиот јазик исто така затоа што е одраз на тој нацонален идентитет и затоа што како таков е меѓународно признат. Македонската страна на тоа инсистира, а тоа бугарската страна еднаш веќе го призна со потпишувањето на договорот и не треба да и е проблем да го стори и сега. Ако за нив нешто значи фактот дека македонскиот јазик е кодифициран 2 август 1944 година, зошто би било проблем тоа да стои во некаква фуснота, но без бло какви додавки дека бил дијалект на бугарскиот.

Но од тогаш натаму Бугарската официјална политика треба да престане со флоскулите „за еден народ и еден јазик“.

Во однос на третманот на Бугарија како фашистичка држава, за што постојат забелешки од нивна страна, Бугарија треба прво самата да расчисти со своето минато и да ја прифати реалноста како што тоа го стори и Германија. Бугарија сега не е окупатроска држава и тоа е факт и Македонија треба да престане да ја гледа така. Таа е сега демократска држава, членка на ЕУ која навистина ја има признаено прва независноста на Македонија. Но, Бугарија мора да се извини за времето кога била на страната на фашизмот и кога како окупатор, а не како ослободител сторила бројни злодела на македонска територија врз македонското население, врз бројни македонски револуционери и врз голем број Евреи. Се разбира дека за тоа не се виновни сегашните Бугари и оваа влада. Веројатно му е тешко од сегашен аспект на Бојко Борисов да се извинува за злоделата на минатите генерации, но тоа е современ пристап на градење доверба меѓу народите. Кој и дали за тоа ќе им прости е прашање на лична волја и на време. Но, Германската канцеларка сега без предрасуди стои рамо до рамо со Путин на парадата во Москва како и со останатите сојузници. Германија е сега во сојуз со и со Франција со која имале децениски спорови, а економските односи меѓу Берлин и Москва се повеќе од зависни.

Спомениците на жртвите од фашизмот никој никаде не ги мрднал, секаде во светот постојат како потсетник за едно време и како поука за идните генерации.
Македоската страна пак од своја страна треба да признае дека во минатото бројни учени луѓе, просветители, интелектуалци и револуциионери живееле и дејствувале во Бугарија, а некои од нив, колку тоа да не ни е мило, се декларирале за Бугари. Кои се тие и како во иднина ќе бидат третирани ќе треба да утврдат историчарите во заедничка дебата низ работа на комисијата, но без условување и без тесна временска рамка.

Сега за сите е најважно Македонија да ги почне преговорите со ЕУ во декември, а Бугарија и во иднина да и го трасира патот на земјата кон Унијата. И се разбира како две НАТО членнки да соработуваат на планот на безбедноста на регионот.
А потоа двете страни да издвојат доволно финасиски средства и да ги интензвираат заедничките меѓугранични проекти, за да го направат протокот на луѓе и капитал полесен и посигурен.
Само така и едите и другите ќе расчистиме со минатото и ќе ја предвидиме иднината.

Звучи едноставно, нели!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот