Репрезентативецот Чурлинов надвор од терените поради скршен нос!

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK/POOL/DFL

Дарко Чурлинов се здоби со фрактура на носот на тренингот во вторник попладне и засега ќе биде надвор од терените.

Информациите велат дека 20-годишното крило се очекува да биде опериран во петок.

Македонскиот У21 репрезентативец има пет настапи во Бундеслигата и два во германскиот Куп во текот на тековната сезона.

Неговиот клуб Штутгарт му посакува целосно и брзо закрепнување.

Претходно на клупски план беше дел и од Ханза Росток, Магдебург, Келн, а има еден настап за нашата сениорска репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот