Репортери без граници со петиција го поддржуваат Асанж

Фото: EPA/STRINGER

На неколку дена пред сослушувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред судот во Лондон за негова екстрадиција во САД, организацијата Репортери без граници поднесе иницијатива против неговото предавање на Американците.

Оваа организација ја повика Владата на Велика Британија во постапката кон Асанж во прв план да ги стави слободата на изразување и одбрана на новинарството и да делува во согласност со британското право и обврски што произлегуваат од меѓународното хуманитарно право.

Во соопштението на Репортери без граници се потсетува дека Асанж во САД се соочува со казна од 175 години затвор заради обвинението во врска со објавувањето и обезбедувањето за други новинари на информации што му служат на јавниот интерес.

Во тек е и потпишување електронска петиција на сајтот на Репортери без граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот