„Рено“ ќе добие државен заем во висина од 5 милијарди евра

Бруно Ле Мер денеска ќе ја потпише гаранцијата за заемот, соопшти Министерството за економија на Франција.

Францускиот производител на автомобили „Рено“ ќе добие пет милијарди евра државна финансиска помош во форма на загарантиран кредит за спас на своето производство и зачувување на работните места. Финансиската инјеќција денеска треба да ја потврди францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер.

– Бруно Ле Мер денеска ќе ја потпише гаранцијата за заем од пет милијарди евра за „Рено”, соопшти Министерството за економија на Франција.

Министерот „побара веднаш да се отвори социјален и технички дијалог, за да се развие индустриски проект за иднината кој ќе треба да ги гарантира, долгорочно, и по 2023 година, работните места и нивото на индустриска активност во фабриката во Мобеж”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот