Ременски: Најдете еден министер кој може да растури верски обред во вонредна состојба

Фото Драган Митрески

Да не беше полицискиот час за велигденските празници сликата ќе беше слична или иста. Собирањето на Стружани е одраз на топло-ладно реториката околу победата над пандемијата, пишува Ременски на Фејсбук.

Поранешната потпретседателка на СДСМ и на македонското Собрание, Фросина Ременски, застана во одбрана на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, во однос на синоќешните случувања во Струга.

Во продолжение прочитајте го нејзиниот статус:

„Најдете еден министер за внатрешни работи што растурил или може да растури литија или верски обред во вонредна состојба. Ниту имало, ниту ќе има!

Да не беше полицискиот час за велигденските празници сликата ќе беше слична или иста. Собирањето на Стружани е одраз на топло-ладно реториката околу победата над пандемијата.

Ако важи она народната дека, стравот лозјето го чува, тогаш за да нема вакви собирања треба друг пристап.

Личната одговорност на граѓаните падна на тестот на превенцијата во Струга, но исто така факт е дека загрозување на здравјето може да им и без вонредна состојба и без литии.

Можеби статусот не е во рамка на ФБ атмосферата за „вечерното просветление за денска Струга“, но малку реалност не е на одмет. Ако на реалноста се додаде дека, практикувањето на верата е едно од правата кое не може да се ограничи во вонредна состојба (а, можеше во полициски час), тогаш пак останува да зборуваме за личната свест и одговорност на поединецот.

Кој ќе ги свика Собранието за да му ја констатира оставката на Чулев?“, пишува Ременски на Фејсбук.

Фото: Принтскрин

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот