Рекорден пад од 7 отсто: Австријците оптимисти, се надеваат на кратка рецесија

Фото: Архива на Слободен печат

Следната година се прогнозира економски раст од четири до шест отсто.

Пандемијата од корона вирусот на Австрија до сега и донесе невиден пад на економијата за дури 7 отсто, со рекордна стапка на невработеност и буџетски дефицит од околу 10 отсто, прогнозираат економските институти „Wifo i IHS“.

– Тоа ќе биде длабока, но кратка рецесија“, истакнува „Wifo“ додавајќи дека растот е ограничен само на двата квартала, иако економијата идната година нема да може да го достигне нивото пред кризата.

Следната година се прогнозира економски раст од четири до шест отсто.

Во совладување на кризата економската политика, како што предлагаат експертите, би требало да се фокусира на зајакнување на секторскиот раст, бидејќи тоа ќе овозможи и потребна консолидација на буџетот.

Истовремено експертите предупредуваат дека доколку има втор бран тогаш во тој случај би се очекувал уште поголем пад на БДП.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот