Регистарот на професионални онлајн медиуми на агрегаторот Тајм

ЗНМ/ Совет за етика на медиумите/ Фото: МИА

Регистарот на професионални онлајн медиуми Промедиа.мк отсега ќе бидат јасно назначени на агрегаторот Time.mk (https://time.mk/blue), информираат Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Time.mk.

Со ова, информираат од ЗНМ, агрегаторот Time.mk се придружува на напорите за саморегулација на двете новинарски оганизации во обид да се препознаат професионалните и етички онлајн медиуми.

– Саморегулацијата на медиумскиот простор со ова добива нов квалитет, чекор плус за професионализација на онлајн сферата, како една од алатките кон зголемување на медиумската писменост во државата, но и за заштита на граѓаните од информации што не се обработени според Кодексот на новинари и стандардите на новинарската професија, се вели во соопштението од ЗНМ.

Процесот на приклучување кон Регистарот останува отворен за медиумите коишто ги исполнуваат критериумите наведени на веб-страницата на СЕММ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот