Речиси 600 скопјани беа санкционирани за време на викендот

Во текот на изминатите денови (21, 22 и 23.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 183 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 94 возачи од кои: 31 возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 56 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 46 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, 30 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и пет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло.

Во текот на изминатите денови издадени се 129 мандатни платни налози и 88 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот