Рецепт за погача со компири, стар 100 години

Пита со компир / Фото: Скриншот/Јутјуб

Погачите ја украсуваат секоја трпеза, но не сакаат сите домаќинки да се впуштат во мешањето на тестото, бидејќи им изгледа комплицирано. Овој рецепт е стар сто години, а е многу едноставен. Нашите баби го замесувале тестото и го полнеле со пире од компири и сирење и на тој начин ги правеле најдобрите погачи од тоа време, кои и до ден-денес се едни од највкусните. Пробајте го и вие овој специјалитет, нема да зажалите.

Состојки:

– 2 компири
– 200 грама брашно
– 4 грама сув квасец
– 2 лажички шеќер
– 1/2 лажичка сол
– 1 јајце
– 160 мл млеко
– 30 грама путер
– 140 грама тврдо сирење

Подготовка:

Исечете ги компирите и сварете ги. Просејте го брашното и во него додадете квасец, шеќер, сол и јајце. Малку соединете, па сипете 80 милилитри топло млеко и растопен путер, па замесете тесто. Покријте го и оставете го на топло еден час.

За тоа време процедете ги компирите, посолете и побиберете, па сипете 80 милилитри млеко и направете пире. Потоа преместете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 2 топчиња. Расукајте поголем и потенок круг, па префрлете го во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со пирето од компири, па посипете со рендано сирење. Одозгора ставете го второто тесто што сте го развлечеле приближно исто како и првото. Со прстите притиснете ги краевите на кругот и повлечете ги навнатре.

Премачкајте со млеко, па со прстите направете дупчиња на погачата, а потоа печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Готовата погача премачкајте ја со растопен путер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот