Рецепт за брокули со сирење подготвени за 10 минути!

Фото: Flickr

Едно од најстарите растенија се покажало дека е толку здраво што почнале да прават лековити пијалаци од него, но за среќа, не биле прескокнати ниту едноставни јадења како овој едноставен и вкусен оброк – брокула со јајца и сирење.

Состојки:

– 300 грама исечкани брокули
– 4 јајца
– 1/4 сирење
– 1 главица кромид
– 1 лажица млеко
– сол, црн пипер

Подготовка:

Брокулите ставете ги во поклопен сад и загрејте 2-3 минути на 100 отсто јачина во микробранова, и  измешајте еднаш. Исцедете го сосот што се создал.

Јајцата изматете ги и измешајте ги со ситно исечканиот кромид, млекото, изренданото сирење, солта и црниот пипер и посипете ја смесата преку брокулите.

Огноотпорниот сад и плехот покријте го, па ставете го во претходно загреана рерна и печете 10-тина. Може да помешате 2-3 пати. Оставете да отстои 3-5 минути и сервирајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот