Реал Мадрид сигурно чекори кон титулата (ВИДЕО)

EPA-EFE/JuanJo Martin

„Кралскиот“ клуб со 2:0 го совлада Алавес во 35. коло од Ла Лига и на три кола до крајот ја задржа предноста од четири бода пред големиот конкурент Барселона.

На тренерот Зинедин Зидан не му претставуваше голем проблем отсуството на капитенот Серхио Рамос кој заедно со Дани Карвахал го прескокнаа овој натпревар поради жолти картони, додека за Марсело заврши сезоната, иако првата шанса ја имаа гостите.

Во третата минута шутот на Хоселу заврши со пречката, одбиената топка ја шутна кон голот Перез но Едер Милитао од гол линијата спаси чист гол за Алавес. „Кралевите“ брзо одговорија, преку Карим Бензема кој во 11. минута успешно го реализираше пеналот.

Конечниот резултат го постави Маркос Асенсио во 50. минита.
Реал Мадрид на три кола до крајот на сезоната има 80 бода, четири повеќе од Барселона, а во наредното коло и гостува на Гранада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот