Реал Мадрид подготвува изненадување на новиот „Сантијаго Бернабеу“, Перез од стадионот прави фабрика за пари

EPA-EFE/Emilio Naranjo

Реал Мадрид планира да организира натпревари од НФЛ лигата на реновираниот стадион.

Новиот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде готов за сезоната 2022/23, а идејата на претседателот Флорентино Перез е стадионот да го претвори во мултифункционален објект на кој во текот на целата година ќе се одржуваат спортски и културни настани. Перез сака „Сантијаго Бернабеу“ да биде вистинска фабрика за пари која ќе му овозможи на Реал Мадрид да доминира во Шпанија и во Европа.

Еден од настаните кои Перез сака да бидат традиционални на „Сантијаго Бернабеу“ се натпреварите од НФЛ лигата кои генерираат најмногу пари во светот на спортот. Според ЕСПН, НФЛ лигата и екипите кои учествуваат во неа, секоја сезона заработуваат неверојатни 13 милијарди долари.

Во последните години, популарноста на НФЛ лигата во Шпанија расте со голема брзина и Перез сака да го искористи тој тренд и по примерот на Тотенхем кој им го понуди својот стадион на челниците на НФЛ лигата, истото да го стори и тој.

Се очекува првиот НФЛ натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ да се одигра 2024 година, а можеби и една година поради. Челниците на НФЛ лигата не откриваат дали имало разговори на оваа тема но ниту не демантираат било какви преговори со Реал Мадрид.

Идејата на НФЛ лигата е пред да дојде во Шпанија, да организира натпревари во Германија и постои голема можност во 2022 и 2023 година да се одигра по еден натпревар на „Алијанц“ Арената во Минхен. Причината за ваквото размислување е што последниот Супер Бол го следеле најмалку два милиони Германци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот