Реал Мадрид ќе продава 13 фудбалери - Слободен печат
СпортФудбал

Реал Мадрид ќе продава 13 фудбалери

Реал е подготвен за целосна чистка, првиот човек Перез и тренерот Зидан ова лето планираат огромни промени, со цел да се вратат на вистинскиот пат.

Како што објавува шпанската „Марка“, се очекува 13 играчи да го напуштат „Сантјаго Бернабеу“, меѓу нив се наоѓа и една од главните ѕвезди на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Освен велшкиот интернационалец, листата ја пополнуваат уште Кејлор Навас, Региљон, Ваљехо, Тео Хернандез, Себалос, Хамес Родригез, Одегард, Љоренте, Ковачиќ, Оскар, Мајорал и Раул де Томас.

Покрај нив, дефинитивно се „отпишани“ уште четири имиња за кои не се знае дали ќе останат во Реал: Браим Диас, Иско, Вазкез и Мариано.

Секако, на одредени позиции ќе бидат пополнет засилувања, а се очекува да дојде Еден Азар, потоа желби се Пол Погба, Кристиан Ериксен, Миралем Пјаниќ…

Поранешниот менаџер на Челзи, Роберто Ди Матео вели дека ќе биде голема штета ако лондонските „сини“ се ослободат од Белгиецот, иако напоменува тоа нема да биде така лесно.

Стратегот на Реал Мадрид ќе има доста работа да направи идеален тим за враќање на врвот во шпанскиот и европскиот фудбал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close