Реал Мадрид и понатаму највреден фудбалски клуб на светот

twitter/Real Madrid C.F.

Дури седум екипи од Премиер лигата се наоѓаат во топ 10.

КПМГ ја заврши проценката на вредноста на 32. најпознати фудбалски екипи во Европа и на врвот нема промени, и понатаму највреден клуб е Реал Мадрид кој е проценет на 3.47 милијарди евра.

Во петтата годишна листа на највредни екипи, веднаш зад „кралскиот“ клуб се наоѓа Манчестер јунајтед кој „тежи“ 3.47 милијарди евра кој и минатата година беш втор на листата на КПМГ.


Првата промена на листата во однос на ланската е на третата позиција каде сега се наоѓа Барселона која вреди 3.19 милијарди, додека Баерн Минхен падна за едно место и вреди 2.88 милијарди евра.

Актуелниот европски шампион и сосема извесно и шампион во Премиер лигата, Ливерпул највеќе го зголеми своето портфолио. Успесите на „црвените“ им донесоа зголемена вредност за дури 26.9 проценти и сега се петти највереден клуб во Европа со 2.65 милијарди евра.

Веднаш зад Ливерпул се уште три англиски екипи, Манчестер сити (2.6 милијарди евра), Челси (2.2 милијарди) и Тотенхем (2 милијарди). Францускиот ПСЖ е деветти највреден клуб и е проценет на 1.91 милијарди евра, а листата на 10 највредни европски екипи ја затвора Арсенал кој „тежи“ 1.85 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот