Реал ќе подигне уште еден кредит за да ја заврши реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“

Реконструкцијата на Сантијаго Бернабеу започна во 2019 година/ фото: EPA-EFE/Emilio Naranjo

Реал Мадрид во 2019 година подигра кредит од 575 милиони евра за обнова на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а сега планира да подигне дополнителни 225 милиони евра за да го доврши реновирањето.

Конечната одлука за новиот кредит треба да биде донесета на собранието на Реал Мадрид кое ќе се одржи в сабота.

Според првичниот договор со банките од 2019 година, Реал Мадрид доби 575 милиони евра за „Сантијаго Бернабеу“ да го направи фудбалски објект со мултифункционална намена и кој би можел да се користи во текот на целата година.

Целта на реновирањето на стадионот е да се зголемат приходите и тоа од сегашните 150 милиони евра годишно, на дури 400 милиони евра.

Во последната деценија, Реал Мадрид неколкукратно ги зголеми приходите кои во 2019 година изнесуваа дури 800 милиони евра, а во 2020 година клубот ја заврши годината во плус и покрај пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот