Реал го договори Азар, следен е Јовиќ

EPA-EFE/ANDY RAIN

Реал Мадрид ги завршил сите детали околу ангажманот на најголемата желба на тренерот Зинедин Зидан, трансферот на Еден Азар од Челси, пишува „Марка“.

Белгискиот репрезентативец постигнал устен договор со Зидан и претседателот Флорентино Перез и се очекува да потпише четиригодишен договор кој ќе му носи 15 милиони евра по сезона. Реал Мадрид на Челси ќе му плати 100 милиони евра за Азар, чиј договор истекува идната година.

Вториот шпански весник близок до Реал Мадрид, „Ас“ на денешната насловна страна го стави Лука Јовиќ со порака дека наскоро пристигнува на „Сантијаго Бернабеу“. Според „Ас“ Реал и Ајнтрахт Франкфурт преговорите ги започнаа на 28 март и се очекува во наредните неколку дена и официјално ќе се објави дека Лука Јовиќ од следната сезона ќе биде член на „кралскиот“ клуб.
Сумата која Реал ќе ја плати на германскиот клуб се движи помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот