Разликата помеѓу најстариот и најмладиот учесник на ЕП е точно 20 години

epa04933748 Goalkeeper Craig Gordon of Celtic during a training session in Amsterdam, The Netherlands, 16 September 2015. Ajax faces Celtic Glasgow in an UEFA Europa League match on 17 September. EPA/OLAF KRAAK

За девет дена, на 11 јуни ќе започне Европското првенство на кое за прв пат ќе настапи и фудбалската репрезентација на Македонија. Евро 2020 ќе биде отворено со натпреварот Италија – Турција кој ќе се игра на „Олимпико“ во Рим, а големото финале ќе се игра на 11 јули на „Вембли“ во Лондон.
На ЕП за прв пат ќе настапат 32 репрезентации, а статистичарите веќе почнаа со својата работа и веќе ги открија настариот и најмладиот фудбалер кои ќе се настапат на континенталниот собир.

Најстариот играч кој е пријавен за настап на ЕП е шкотскиот голман Крег Гордон кој има дури 38 години. Станува збор за голман кој бранел за Хартс, Селтик и Сандерленд, а во 2012 година ја прекина кариерата поради тешката повреда на коленото.

– Кога ми истече договорот со Сандерленд мислев дека тоа е тоа. Болките беа ужасно, воопшто не можев да го свиткам коленото, а по скали морав да се спуштам наназад. Но, по една година исцрпувачки терапии, успеав да се вратам на тренинзите. Имаше моменти кога сакав да се откажам од се, болката беше преголема, но со поддршка на сопругата се вратив – вели Гордон кој по опоравувањето од повредата потпиша за Селтик. Досега има 56 настапи за репрезентацијата на Шкотска.

Најмлад фудбалер на ЕП ќе биде уште фудбалер од групата Д, тоа е 18-годишниот напаѓач на Чешка, Адам Хложек кој игра за Спарта Прага.
Хлажек поради повреда пропушти поголем дел од сезоната и настапи на само 23 натпревари кои му беа доволни за да постигне 15 гола и да има девет асистенции. Скор со кој го заслужи повикот да биде дел репрезентацијата на Чешка на ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот