Разговор со Ивана Кнез: Не ми прави сенка додека греам, ќе те изгорам!

Фото: Приватна архива

Која е дизајнерката Ивана Кнез надвор од сценскиот живот? Иве, што си го сака семејството најмногу на свет, што обожава да готви, слабост ѝ се книги и кактуси, што до ден денес носи искинати пижами и различни чорапи и знае од нигде никаде да си пушти музика и да танцува сама во дневната соба. Сака патувања, обожава вино и убави сирења, обожава мириси кои ја врзуваат со спомени, мирис на море и звук на вода, месечина над некоја далечна планина, бакнежи и прегратки…Го сака животот, знае дека не е лесен, и вели дека таа најдобро од сите го знае тоа, но тоа го прави уште повреден за живеење.

Е, таа прекрасна Ивана, ни е денес соговорничка.

приватна архива

Не многу долго по завршувањето на Факултетот за уметности во Белград, се врати во Скопје и во 2009 година ја основаше својата модна марка. Одлично театарски „поткована“, сепак одлучи животната патека да ја насочиш кон модниот дизајн, односно, со основање на сопствен бизнис. Како се сеќаваш денес на тие смели почетоци и кои беа најголемите препреки на патот?

– Мајка ми знае често да ми искоментира, Ивана не поаѓај од себе, не се сите како тебе, ти си како коњ, жено влечеш и гледаш само напред. Да бидам искрена на голем дел и не се сеќавам, само знам дека не бев една од оние кои се финансиски со потковано минато, ниту пак искрено знаев што правам. Сè беше интуитивно и основано на чиста емоција, го правев тоа што најдобро го знаев, создавав. Препреки колку сакаш, што од околината која сè уште не е навикната на борци, што од државата која сè уште се бара каде и е местото во светот, па на карта, а ние смртниците носиме и влечеме товари на разноразни политичари, што од најблиските за кои беше лудост да се започне нешто на мој начин и под мои услови и правила. Да не навлегувам во тоа колку бев во тој даден момент во приватен хаос и целиот познат свет ми се превртуваше наопаку. И во моменти кога бев најдолу, кога мислев дека нема каде подолу, мајка мм ми велела „е па, Ивана остави, тргни се, доста е веќе.“ И секој пат тоа бил тригерот да се освестам и да станам и одново и поцврсто и посилно и понапорно да потегнам напред.

Жена – претприемач во еденсè уште, бизнис машки свет. Има ли според тебе помрднување, напредок, на темата жената во биснисот од пред десетина години до денес?

– Никаков, до ден денес секој состанок со маж е со негово очекување дека ќе завршиме во кревет. Не знам кого да обвинам за тој дел што до ден денешен перцепцијата за една визуелно средена жена со амбиции по дефолт е преточена во финансиски спонзор или опција за во кревет. Дали се тоа жените кои така ги научија мажите или мажите за кои не постои поинаква опција за комуникација со жена, сè уште не можам да одгатнам каде лежи зајакот. Сè уште глобално мажот е носителот на бизнис и сè уште ние сме емотивни и непостојани, водени од ПМС и внатрешен немир. И не велам дека не се во право, и тоа како знам да се исплачам после лош состанок, ама одлуката ја носам откако ќе ми помине, на преспиено и со трезвена глава. И ако сум во право, едноставно ќе те изедам.

Кој повеќе ти помогнал во животот во клучни мигови, мажите или жените?

– Во тој дел не правам така драматична поделба, луѓето ги делам на добри и лоши, не водам евиденција кој повеќе или помалку застанал покрај мене. Ми помогнале луѓе од кои најмалку сум го очекувала тоа. Непријателите се често вашите пријатели, оние кои се најблиску до вас, за жал, и најголемите сопки и убоди доаѓале од тој што стои покрај тебе. Но тоа не е причина да свртиш грб или да се откажеш, јас велам продолжи напред, секогаш ќе има луѓе кои кога ќе пораснат ќе сакаат да бидат Ивана Кнез. И можеби еден ден ќе успеат во тоа. Можеби.

фото-приватна архива

На што креативно си фокусирана во моментов?

– На себе. На сопствениот живот и на тоа да го живеам секој ден како да нема утре. Се „утепав“ од планирање во изминативе десетина години, само за да дознаам на најтешкиот можен начин…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот