Разбојници од заложна куќа украле 5.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје започна истрата против две лица, осомничени дека вчера извршиле кривично дело разбојништво.

Разбојниците се на возраст од 23 и 22 години. Тие по претходен договор, заедно влегле во објект на заложната куќа „Астра кредити“, на улица „Лондонска“ во Скопје, и со закана кон еден вработен дека непосредно ќе нападнат врз неговиот живот, одзеле пари. Едниот осомничен, држејќи пиштол марка „Pietro Bereta“ во раката, побарал од оштетениот да го отвори сефот и да ги извади парите.

Оштетениот постапил по ваквата наредба, го отворил сефот и му дал 120.000 денари. По ова, вториот осомничен самиот се приближил до сефот и го зел остатокот од 180.000 денари кои се наоѓале внатре. Двајцата осомничени со мотор кој бил паркиран во близина на заложната куќа избегале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот