Расте бројот на мртви во израелскиот напад врз кампот за раселени лица во Рафа

Рафа, јужен појас Газа/ЕПА

Бројот на загинати Палестинци во израелски напад врз камп за раселени лица во градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, нарасна на 45, а меѓу убиените најмалку половината се жени, деца и постари лица, соопшти Министерството за здравство во Газа, пренесоа британските медиуми.

Агенцијата Вафа наведе дека најмалку осум ракети погодиле шатори во северозападниот дел на градот, каде што се сместени раселените Палестинци.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека нејзината теренска болница во Рафа прима голем број повредени, а голем број пациенти примаат и други болници.

Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, нападот во Рафа го опиша како „масакр“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле прецизен напад врз комплексот на Хамас во градот Рафа, каде што се собирале високи функционери на палестинската милитантна група, објави Тајмс оф Израел.

ИДФ подоцна објави дека во нападот биле убиени командантот на штабот на Хамас, Јасин Рабија, и уште еден член на Хамас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот