Претседателот на Словачка повика на внимателност во изборот на ЕУ функционерите

фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини повика на внимателност во изборот на ЕУ функционерите. Имено, тој вечерва во Брисел изјави дека лидерите на ЕУ мора да бидат многу внимателни за тоа кој ќе ги претставува ЕУ и Европската комисија на меѓународно ниво и рече дека при распределбата на функциите во европските институции, важно е како ќе бидат претставени источна и централна Европа.

Пелегрини, кој присуствува на неформалниот самит на лидерите на ЕУ на местото на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој се уште се опоравува од обидот за атентат, не сакаше да им каже на новинарите во Брисел дали ќе поддржи некоја конкректна личност за позиција во ЕУ.

„Ќе разговарам со моите колеги за моменталната ситуација на меѓународно ниво. Мораме да бидеме многу внимателни кој ќе ги претставува ЕУ и Комисијата на меѓународно ниво. Во реалноста мораме да имаме личност која ќе може да ја смири ситуацијата, која сега е под голема тензија“, изјави Пелегрини, пренесе МИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот