Околу 9.300 Палестинци се затворени во израелски затвори

Внатрешно раселените Палестинци заминуваат со своите работи по наредба за евакуација издадена од израелската армија, во Рафа/ЕПА

Над 9.300 палестински жители се приведени и затворени од израелските власти, објави Ал Мајадин.

Според Здружението на палестински затвореници, меѓу уапсените има 75 жени и 250 деца, пренесува ТАСС.

Тензиите повторно се разгореа на Блискиот Исток на 7 октомври 2023 година, кога милитантите од палестинската радикална група Хамас со седиште во Газа извршија ненадеен упад на израелска територија од Појасот Газа. Хамас го опиша својот напад како одговор на агресивните дејствија на израелските власти против џамијата Ал Акса на ридот на храмот во Стариот град во Ерусалим. Како одговор, Израел прогласи состојба на воена готовност; најави целосна блокада на Појасот Газа, дом на 2,3 милиони Палестинци; и почна да изведува воздушни напади врз енклавата и одредени делови на Либан и Сирија, по што следеше копнена операција во енклавата. Во тек се судири и на Западниот Брег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот