Рамковски: Груевски ми рече „луѓето умираат, а спомениците остануваат“

Фото: Принтскрин

Сопственикот на згаснатата А1 телевизија, Велија Рамковски на панел дискусијата на „Цивил“ насловена како „Жртви на режимот“ зборуваше времето поминато во затворот, но и за односот на поранешната власт кон него, како сопственик на критички медиум.

-Само гробот е полош од затворот. Првите денови во Шутка не можев да дишам. Бев 27 месеци во Шутка. Секој ден имав претрес, скоро час и половина траеше претресот. Психолошка војна“, истакна Рамковски.

Тој зборуваше и за тоа дека немало ден, а да не му се јави Груевски откако ќе завршеле вестите на А1 телевизија.

-28 месеци не можев да ја видам Емел, мојата ќерка која беше во другата зграда од затворот. Намерно не ми дозволуваа да може да се видиме, бар преку прозорец. Се радував на судењата зашто само таму можев да ја видам сопругата и ќерката. Груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен, дури и после три години, Груевизмот ме плаши, сите не плаши – додаде Рамковски.

Тој рече дека Груевски не беше задоволен како работат новинарите од телевизијата.

-Имавме повеќе судири со Груевски. Еднаш ми рече: „Луѓето умираат, спомениците ќе останат“. Секој ден имаше претрес, цинички ме малтретираа. Битката за да опстанеш жив е тешка. Но, издржавме се, ама груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен, груевизмот е уште силен. Сите треба да сме уплашени – истакна Рамковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот