Рама: Капацитетот за успешна комуникација на земјите од Западен Балкан е важен услов за ЕУ

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Албанскиот премиер Еди Рама на денешниот Самит на групата раководители на акцелераторот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, истакна дека капацитетот за успешна комуникација меѓу западнобалканските земји е важен услов на евроинтеграциите на целиот регион.

– Европските интеграции се засноваат на заслугите на секоја земја. Меѓутоа, концептот што е сега воведен во новата методологија, значи дека Европската Унија ќе следи и како ние функционираме едни со други, дали имаме капацитет успешно да комуницираме – истакна Рама.

Тој, посочи дека, доколку земјите од Западен Балкан успеат во тоа, Унијата повеќе ќе ги почитува и ќе биде поотворена кон нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот