Рама ја пофали одлуката за ослобудвањето на косовските полицајци

Еди Рама на прес конференција во Брисел/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

На веста дека српските власти ги ослободиле тројцата косовски полицајци реагираше и албанскиот премиер Еди Рама, кој оваа постапка ја смета за задоцнета.

-Враќањето на косовските полицајци дома е задоцнета вест, но сепак многу добра, бидејќи како прво се става крај на самоволното лишување од слобода на три лица кои не сториле никакво кривично дело и второ се отвора патот за деескалација на дијалогот. Мило ми е што силата на разумот победи над разумот на силата, стои во реакцијата на Рама.

Посакувам, додава, со силата на разумот веднаш да започне долгоочекуваната деескалација од сите и дополнително да ги решиме јазлите на конечниот процес на нормализација меѓу Косово и Србија.

– Штотуку пристигнавме во Брисел, каде наскоро ќе се сретнам со претседателот на Европскиот совет, скапоцениот пријател на Албанија и нашиот регион, Шарл Мишел. На нашиот пријател ќе му ја пренесам големата загриженост за критичната ситуација во регионот и моето убедување за неопходноста од конференција без временско ограничување, каде што под покровителство на евроатлантската заедница, лидерите на Косово и Србија мора да ги заокружат сите точки од договорот за нормализација, посочува тој.

За жал, според него, во последно време и двете страни се насочени кон фронтот на домашната политика и анкетите поттикнати од националистичката реторика.

– Виталниот дијалог за иднината на целиот регион и односите со демократскиот свет се отфрлени. Во меѓувреме, ситуацијата на Северот се деградира од час во минута, зголемувајќи ја можноста за балкански „Донбас“ во срцето на Европа. Оваа можност е катастрофална и диколку се помисли на тоа, па мора да се елиминира по секоја цена, смета Рама.

Порача дека Албанија ќе направи се за да не се случи најлошото.

– Би било лудост кревкиот мир што го градевме низ овие години, во рамките на Берлинскиот процес и преку разни иницијативи, да биде уништен како замок од песок со враќањето на бран балкански глупости, кои не исфрлаат сите од патот на евроинтеграциите, во старото буре барут среде Европа, нагласува албанскиот премиер Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот