Ракун и мала срна станале најдобри пријатели: Видеото од нивните прегратки ќе ви го стопи срцето

срна
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Видеото кое неодамна се појави на инстаграм-профилот „texasfawnandfriends“ на кое се гледа срната по име Хоуп и ракунот по име Џаспер брзо стана вирално поради нивното неверојатно, но сепак преслатко пријателство.

На видеото, Џаспер може да се види како се прикрадува кон Хоуп, а потоа се нафрла по неа, ја гушка и гризе, пред да одлучи дека таа ќе му биде пријатна перница и се качува на нејзиниот грб.

Но, како дојде до ова необично пријателство?

Кери Лонг од „Texas Fawn and Friends“, непрофитна организација за сирачиња и повредени срни, добила повик минатата година за повреден ракун.

Ракунот стар само 2-3 недели останал сам во страшна бура. Кери решила да го прими и да му помогне да оздрави и му даде нов дом.

Младата срна, пак, пристигнала набргу после Џаспер. Срната ја изгубила мајка си на млада возраст и ѝ била потребна грижа. Кери ѝ го дала името Хоуп и не требало долго време тој и Џаспер да станат најдобри пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот