Ракетирана американска база во Ирак

Американски авион се урна во Норвешка/ Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Најмалку 10 ракети денеска беа истрелани кон ирачката воена база во западен Ирак, каде се стационирани коалицициските трупи предводени од САД, рече портпаролот на коалицијата.

Ракетите ја погодија воздушната база Аин ал Асад во провинцијата Анбар во 7:20 часот, по локално време, изјави портпаролот полковник Вејн Марото. Засега не е познато дали има жртви.

Тоа беше првиот напад откако САД минатата недела извршија удари на проиранските милициски сили долж границата Ирак-Сирија.

Американскиот напад беше одговор на серија ракетни напади насочени кон американските сили, вклучително и оној што уби изведувач од Филипините, ангажиран од коалицијата, пред аеродромот во градот Ербил во северен Ирак

По тој напад, Пентагон рече дека ударот е „пропорционален воен одговор” преземен по консултација со коалициските партнери.

Марото рече дека ирачките безбедносни сили водат истрага за денешните ракетни напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот