РАКЧЕВИЌ: Горд сум, светот слушна за Вардар!

Фото: cdm.me

Пивотот Ракчевиќ во периодот од 2005-2009 година ги бранеше боите на Вардар, а освен за „црвено-црните“ беше дел и од Металург.

Неговата борбеност на линијата и головите во СРЦ „Кале“ ја красеа неговата игра, што и влијаеше со две шампионски титули во првенството, но и со добри перформанси во европските купови.

Во краток разговор со еден од најборбените пивоти во ракометната игра е среќен поради големиот успех на клубот во ЛШ.

– Бев во Македонија 7-8 години и знам колку македонскиот народ го сака ракометот. Ова што Вардар го направи е рамно со невозможното. И јас како некој што четири години го носев тој дрес се чувствувам гордо – ни ги пренесе првите зборови Ракчевиќ.

Македонскиот шампион успеа по втор пат во својата клупска историја да ја освои титулата во Лигата на шампионите и тоа за период од три сезони.

Освен што апелираше поранешниот ракометар на Вардар, Немања Прибак, и Ракчевиќ е свесен дека финансиски треба да му се помогне на клубот, иако последните информации велат дека Самсоненко останува во Вардар.

– Момците ги заслужуваат сите државни одликувања, бидејќи низ овој резултат сите во светот слушнаа за Вардар, за Скопје, за Македонија. Најголемата грешка на државата би била да го пушти Вардар, да не се размислува за шампионот. Мислам дека е потребно е да се најдат спонзори за наредните години кои доаѓаат – вели Ракчевиќ.

Им ја честита титулата шампион на Европа, со „капа долу“ за овие златни играчи кои го освоија Келн и со големо срце за Македонија.

– На крајот уште еднаш, од срце најискрено им честитам на сите кои го носат и сакаат дресот на Вардар и еве го однесоа клубот во уште еден незаборавен и неверојатен резултат во Лигата на шампионите – заврши Ракчевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот