Рајола и го нуди Де Лихт на Барселона

Матијс Де Лихт се наоѓа на радарот на Барселона/ фото: EPA-EFE/MASSIMO RANA

Иако има големи финансиски проблеми, Барселона ќе биде активна во зимскиот преоден рок и по ангажманот на Феран Торес, ќе се обиде да ја засили одбрана со еден од најдобрите дефанзивци на светот.

Каталонскиот тим е заинтересиран да го купи дефанизвецот Матијс де Лихт од Јувентус, кој неколку години е на „радарот“ на скаутите на Барселона. Холанѓанецот во 2019 година потпиша за Јувентус иако имаше понуда и од Барселона.

Проблем за Каталонците претставува откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра, но можно е Јувентус да се согласи на далеку помала сума.

Оваа вест на Барселона и ја соопшти агентот на фудбалерот, Мино Рајола, а причината зошто Јувентус би се согласил на продажба е големата плата на Де Лихт кја изнесува 300.000 евра неделно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот